Занети: Меси не го надмина Марадона и не е најдобар фудбалер на сите времиња

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Аргентина, Хавиер Занети, кој има интересен прекар Трактор, изјави дека Лионел Меси не е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Меси во неделата ја предводеше Аргентина до третата светска титула, откако во финалето беше совладана Франција по подобро изведување на пеналите.

Дел од аргентинските медиуми објавија дека со освојувањето на титулата на СП во Катар, Меси ја комплетира колекцијата на трофеи и е најдобриот фудбалер на сите времиња, надминувајќи го Диего Марадона, кој Гаучосите ги предводеше до титулата на СП во Мексико 1986 година.

Но, Занети има поинакво мислење.

„Меси не го победи Марадона, не ги сакам таквите споредби. Мислам дека мораме да бидеме благодарни што двајцата најдобри фудбалери во историјата се Аргентинци“, изјави Занети, кој дресот на репрезентацијата го носеше од 1994 до 2011 година.

„Оваа титула ја чекавме многу години. Оваа репрезентација ги исполни соништата на милиони Аргентинци“, додаде Занети.

- Оглас -

Најнови вести