Ѕаниоло попладнево лета за Истанбул, вечер може да се официјализира најскапиот трансфер во турскиот фудбал!

На Турците вчера и денеска не им е до фудбал, преокупирани се со помош за настраданите на подрачјето кое беше погодено од катастрофалниот земјотрес, но вечерва би можело да се официјализира најскапиот трансфер во историјата на турскиот фудбал (35 милиони евра).

Италијанецот Николо Ѕаниоло ја напушта Рома и откако ќе ги мине лекарските тестови, треба да потпише четиригодишен договор со Галатасарај. Ѕаниоло е во Милано, од каде што со приватен авион треба да полета за најголемиот турски град.

За Ѕаниоло се зборуваше дека може да го наследи Франческо Тоти, но ништо од тоа, Ѕаниоло на 23-годишна возраст си оди од клубот од италијанската престолнина и кариерата ќе ја продолжи во турската лига, а во Галатасарај се и други познати имиња, како Мауро Икарди и Дрис Мертенс, кои беа ѕвезди и додека играа во Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести