Ѕаниоло се фали колку многу научил од Мурињо

Крилниот играч за врска на Рома, Николо Ѕаниоло вели дека многу работи научил, откако на клупата на Римската волчица застанал Жозе Мурињо.

„Мурињо е победник. Тој ме научи како да помагам и во одбранбените делови. Ми помогна да се справам со одредени ситуации, за кои во минатото би реагирал многу лошо. Не се бунам дури и кога не сум на теренот на некои важни средби. Тој ме научи како да ја држам устата затворена, но и да не потпаѓам на секакви провокации“, рече Ѕаниоло несакајќи да ги скрие сите тие пофални зборови за португалскиот стратег на чело на Рома.

Според некои шпекулации, токму Ѕаниоло треба да биде фудбалерот кој ќе го замени Пауло Дибала во Јувентус, но засега ова се само шпекулации.

- Оглас -

Најнови вести