Заниоло: Во Рома до крајот на кариерата

Николо Заниоло во мечот против Порто испиша историја во Лигата на шампионите, со 19 години стана најмладиот Италијанец кој постигна два погодоци во нокаут фазата од елитното натпреварување. Тој за полусезона наметна во првиот состав на Еузебио Ди Франческо, а потенцијалот што го поседува наговестува дека ќе биде идна ѕвезда.

Никој не очекуваше толку брз напредок на Заниоло за краток период, во Рома пристигна како дел од трансферот на Раџа Наинголан во Интер, а со своите игри покажува колкава грешка направија „нероаѕурите“ што прерано се откажаа од него.

„Воопшто не се споредувам со Тоти, тој е еден и единствен, но би било остварување на сонот ако останам во Рома до крајот на кариерата. Ќе ми биде чест да станам симбол на овој клуб“, вели Заниоло.

Заниоло за „римската волчица“ сезонава настапи на 22 меча во сите натпреварувања, на кои постигна пет гола и две асистенции. Вечерва го очекува нов предизвик, на „Олимпико“ гостува Болоња (20:30 часот) во мечот од рамките на 24-тото коло во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести