Запакоста и Ристовски се скапи за Лацио

Давиде Запакоста и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски засега се далеку од трансфер во Лацио, иако и двајцата десни бекови немаат ништо против да се преселат во Рим.

Лацио преговара со Челзи за Запакоста и со Спортинг Лисабон за нашиот Ристивски, но барањата на клубовите се неприфатливи за клубот од Рим.

Дури во моментов Ристивски е многу поблиску да го смени дресот и да биде нов член на Лацио, од Запакоста.

Челзи бара 3 милиони евра за да го позајми италијанскиот репрезентативец во Рим и плус дополнителна клаузула со која се предвидува Лацио да го откупи договорот подоцна за 15 милиони евра. Запакоста би имал годишна плата од 2 милиони евра во Лацио и тоа со склучен четиригодишен договор.

Таквите услови како што објавија италијанските медиуми се неприфатливи за лацијалите.

Случајот со Ристовски исто така станува сложен, откако Спортинг побара сума од 7 милиони евра за да го продаде нашиот репрезентативец. Лацио понуди Ристовски да дојде како позајмен играч во Рим, па потоа да се договара со Спортинг за евентуално откупување на договорот на Стефан.

Преговорите веројатно ќе продолжат и за двајцата играчи, но засега и Запакоста и Ристовски се далеку од Рим.

- Оглас -

Најнови вести