Запата не дава да биде „пата-пата“ во Џенова (Видео)

Горан Пандев ги одигра последните десеттина минути за Џенова, а и тој и неговите соиграчи немаа среќа, бидејќи примија гол во последните мигови и го претрпеа првиот пораз во Серија А сезонава.

Дуван Запата постигна прекрасен гол во 95. минута, а Аталанта победи со 2:1.

https://www.youtube.com/watch?v=YHLq1ZZ3iqQ

Претходно Мјуриел со гол од пенал во 64. минута и донесе предност на екипата од Бергамо, а финишот беше супер возбудлив.

Кришчито израмни на 1:1, исто така од пенал, во 90. минута и кога домаќините очекуваа крај и продолжување на серијата без пораз во Калчото, Запата со еврогол ги разочара.

Џенова падна на 9. место со 4 бода, а Аталанта ги прескокна и сега е на делба на петтото место со шест бодови.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести