Започна судењето на Кирјос поради физички напад на девојка, адвокатот бара да се направи проценка на неговото ментално здравје

Во Австралија започна судењето на Ник Кирјос за физички напад на поранешната девојка, но поради обврски, контроверзниот тенисер не се појави на првото рочиште. Кирјос моментно се наоѓа на турнир во Јапонија, но најде време да ги прокоментира обвинувањата од поранешната девојка за нападот што се случил во јануари 2021 година.

„Не можам да контролирам сè. Иако не можев да присуствувам на првото рочиште, ги преземам сите чекори за да го решам случајот. Моментно сум во Токио и фокусиран сум на мојата работа, а тоа е тенисот“, порача Кирјос .

Адвокатите на тенисерот се појавија во судот во Канбера и побараа одложување на рочиштето за да може да се подготват форензички извештаи за менталното здравје на Кирјос. Тие планираа да поднесат барање за отфрлање на предметот бидејќи сметаат дека тенисерот има проблеми со менталното здравје.

- Оглас -

Најнови вести