Започнува распадот на Манчестер сити? Прва ѕвезда која најави заминување

Манчестер сити доживеа тежок удар откако УЕФА го казни со две години забрана за настап во Лигата на шампиони. Со оваа казна се очекува Сити да загуби околу 300 милиони евра, а плус треба да плати и 30 милиони евра како дел од казната на УЕФА.

По објавувањето на казната, најавено е дека може да се случи голем број играчи да си заминат од клубот. Првично беше дека тренерот Пеп Гвардила ќе си оди, но сега сè поверојатно е дека ќе си замине Бернардо Силва. Португалецот најави дека би сакал да се врати во Бенфика, клубот од каде што заминал како многу млад.

Силва не потенцираше дали тоа враќање би било во скоро време, но англиските медиуми веќе започнаа со шпекулации дека доаѓа крајот на овој тим на Граѓаните.

 

- Оглас -

Најнови вести