Започнува „Скопје опен“, Калин Ивановски е аутсајдер во првото коло (Фото)

На терените на ТК „Југ“ во Скопје денес започнуваат натпреварите од главната фаза на АТП Челенџер турнирот „Скопје опен“. Единствен претставник на Македонија помеѓу најдобрите 32-ца тенисери на турнирот ќе биде Калин Ивановски, кој својот пласман го обезбеди со специјална покана. Останатите наши тенисери не успеаја да ги минат квалификациите.

Ивановски е 415-ти на АТП-листата, а за противник ќе го има хрватскиот тенисер Дино Призмиќ, кој е 120 позиции подоброрангиран. Во понудата на Sport Life ги има сите натпревари во поединечна конкуренција, а доколку се одлучите да типувате патриотски, тогаш квотата за победа на Калин Ивановски е одлична, дури 4.90.

Прв носител на турнирот е тенисерот од Тунис, Азиз Дугаз, кој е на 226-тата позиција на АТП ранг-листата.

- Оглас -

Најнови вести