Започнуваат возбудувањата во Лигата на шампионите: Шкендија треба да победи во Талин

Македонскиот фудбалски првак Шкендија денеска, од 18 часот ќе го игра првиот меч од квалификациите во првото коло за пласман во Лигата на шампионите. Тетовци ќе гостуваат во Талин на дуел против Номе Кајлу, во обид да стигнат до позитивен реванш пред реваншот кој следната недела ќе се игра во Скопје.

Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, е претпазлив, но верува во можностите на своите фудбалери.

„Ова е важен меч за нас. Ние сме максимално подготвени и ќе дадеме сè од себе за да стигнеме до добар резултат“, вели тренерот на Шкендија, Ќатип Османи.

Освен дуелот во Талин, низ Европа денеска и утре ќе се играат вкупно 16 мечеви од квалификациите за ЛШ, а поинтересни дуели се: Партизани – Карабаг, Ференцварош – Лудогорец, Сараево – Селтик, Судува – Црвена ѕвезда и Астана Клуж.

Комплетната понуда за обложување на мечевите од квалификациите за Лигата на шампиони може да ја видите на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести