Заработи милиони играјќи за Ајакс и Барселона, а сега го остави сопственото бебе во болница поради 1.200 евра

Јаспер Силесен, поранешниот голман на холандската репрезентација, заработи тужба од поранешната сопруга поради „напуштање на семејството“, поточно сопственото бебе.

Тереза Буејес, адвокатката на поранешната сопруга на Силесен, на холандските медиуми им откри дека голманот го напуштил своето бебе во болница и не сакал да плати 1.200 евра, колку што чинела хоспитализацијата.

Силесен беше во брак со новинарката Марија Моран, со која добија ќерка, но голманот одби да ја плати сметката за хоспитализацијата на неговата ќерка, иако во кариерата играјќи за Ајакс, Барселона, НЕК и Валенсија заработи околу 40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести