Зарем може полошо: Тотенхем остана и без Али

Како да не беше доволно што Маурисио Покетино остана без Хари Кејн за првите дуели од нокаут-фазата во Лигата на шампионите, аргентинскиот стратег нема да смета ниту на Деле Али за средбите против Борусија Дортмунд. Офанзивниот играч за врска се здоби со повреда на задниот дел на бутниот мускул, па ќе биде надвор од терените до почетокот на март.

Али се повреди во неделната пресметка против Фулам во Премиер лигата, меч во кој Англичанецот беше стрелец на израмнувачкиот гол во победата од 2-1.

Покрај двата дуели против „милионерите“ во ЛШ, Али во меѓувреме ќе пропушти важни пресметки против градските ривали од Лондон, Челзи и Арсенал. Против „сините“, Тотенхем ќе игра во два наврати, и тоа на „Стемфорд бриџ“, реваншот во полуфиналето од Лига купот и првенствен меч во рамките од 28-мото коло во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести