Зарко дочека да победи во Мото ГП

Возачот на Прамак Дукати, Жоан Зарко, триумфира на трката за Големата награда на Австралија која се возеше на патеката „Филип Ајленд“ и тоа во неверојатен финиш. Ова е прва победа за Зарко во Кралската класа, а има една и во Мото 3 класата и 15 во Мото 2 класата.

 

Зарко триумфира со две десетинки предност пред актуелниот шампион Франческо Бањаја од Дукати, а последното место на победничкиот подиум го обезбеди Фабио ди Џанантонио од Гресини.

Клупскиот колега на Зарко, Хорхе Мартин влезе како лидер на трката во последниот круг, но неговата предност која во одредени моменти изнесуваше 3,5 секунди, почна да се топи поради одлуката да стави мека гума на задниот пневматик.

Зарко успеа да го помине Мартин во последниот круг, и да ја задржи лидерската позиција на трката се до крајот, додека неговиот клупски колега мораше да се задоволи со петтото место.

Шампионот Бањаја останува лидер во генералниот пласман со 366 бода, 27 повеќе од Мартин. Следната тркка ќе се вози идната недела за Големата награда на Тајланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести