Засега ништо во Лисабон – нема ни публика, ни голови, Баерн во проблем

Историското финале на Лигата на шампионите, прво беа публика, после 30 минути игра е без голови, но има шанси, а за несреќа на Баерн, тренерот Флик беше приморан да ја направи првата измена.

Трибините на „Луж“ во Лисабон се празни, има само претставници на клубовите, од организацискиот одбор и на УЕФА, па можеби и отсуството на фанови носи притисок плус кај фудбалерите, па иако тоа се две машини за голови, засега е 0-0.

Баерн веќе ја направи првата принудна измена, се повреди Боатенг, па неговото место во одбраната го зазеде Суле. Според шансите, ПСЖ ги имаше повеќе, но Левандовски ја погоди стативата и имаше уште една прилика, па и Французите може да бидат задоволни што не примија гол.

- Оглас -

Најнови вести