Засилување пред мечот со Црна Гора, Николче Митревски пристигна во Дебрецин

Македонската ракометна репрезентација доби засилување на голманската позиција за мечот со Црна Гора. Во Дебрецин пристигна Николче Митревски, па селекторот Кирил Лазаров ќе има поголем избор.

Мартин Томовски одлично си ја заврши работата против Словенија, но појавувањето на Митревски секако е плус за Црвено-жолтите.

Митревски пред поаѓањето за Унгарија, имаше позитивен тест на Ковид-19, па мораше да оди во изолација и не можеше да биде со тимот при патувањето со тимот и на првиот меч.

- Оглас -

Најнови вести