Заслужена премија за ракометарите за триумфот над светскиот и олимписки првак Данска

Победата од 33-29 против актуелниот светски и олимписки првак Данска, за македонската машка ракометна репрезентација значи многу повеќе отколку само три бода кои го доближија тимот на чекор од пласман на ЕП 2022. Кирил Лазаров направи неколку потези кои придонесоа да дебитира со голема победа и тоа против најсилната репрезентација на светот, а и се врати довербата во репрезентативниот ракомет.

За големиот триумф над Данска, прв за некоја македонска репрезентација во екипите спортови против некој актуелен светски и олимписки шампион, ракометарите ќе поделат премија во износ од 20.000 евра. Дополнителна премија ќе има за нив и кога дефинитивно ќе го обезбедат пласманот на европското првенство во Унгарија и Словачка, а тоа треба да се случи наскоро.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, по завршувањето на натпреварот во соблекувалната им честиташе на момците и им соопшти дека ќе ги награди со премија од 20.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести