Заспа и не се разбуди – Почина репрезентативец на Курасао

Голема трагедија ѝ се случи на карипската репрезентација Курасао, откако денеска почина голманот на оваа селекција Питер Жарзињо.

Курасао утре треба да го одигра квалификацискиот меч во КОНКАКАФ зоната против Хаити, но шокантна вест ги потресе по смртта на младиот голман.

Жарзињо се пожалил дека не се чувствува добро, си заминал во собата да се одмори и потоа е најден утрово. Веќе било доцна за медицинска помош, па само била констатирана смрт на голманот на Курасао.

Причините за трагедијата засега не се познати, односно не се знае од што боледувал Жарзињо.

- Оглас -

Најнови вести