Застрашувачки: Влаховиќ ако потпише за ПСЖ ќе му бидат отсечени три прсти!

Српскиот репрезентативец Дужан Влаховиќ е пред реализација на трансферот од Јувентус во Пари Сен Жермен. Најавите се дека Влаховиќ веќе ги има договорено личните услови со францускиот првак. Би требало да заработува 11 милиони евра по сезона, за договор потпишан на пет сезони.

За да биде оваа реализација остварлива, се чека да се согласи и сегашниот клуб на Влаховиќ, а тоа е Јувентус.

Освен согласноста од Јувентус, сега се појави уште еден проблем за реализација на овој трансфер. Група навивачи на ПСЖ јавно се заканија на Влаховиќ. Тие застанати пред стадионот во Париз држеа порака на која пишуваше „Ако дојдеш во Париз, ќе ти отсечеме три прсти“.

Оваа реакција на фановите на ПСЖ е поради неодамнешната порака која Влаховиќ ја упати и тоа со подигннување на три прсти, а носеше маица на чија фотографија го имаше Косово и Метохија во склоп на Србија, а не како посебна земја.

Влаховиќ во Јувентус дојде во јануари 2022 година за сума од 80 милиони евра, но не продолжи во иста форма како што беше кога играше за Фиорентина. За Јувентус одигра 63 меча во кои постигна 23 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести