Затоа е број 1: Ѓоковиќ и повреден не дозволи шок во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ остана во игра да ја брани титулата на Отвореното првенство на Австралија, иако наиде на големи проблеми во победата од 3-2 против Тејлор Хери Фриц по пет сета со 7-6, 6-4, 3-6, 4-6, 6-2 во мечот кој траеше три и пол часа.

Првиот светски рекет имаше водство од два сета, а потоа почнаа проблемите со болки во пределот на ребрата. Тоа му овозможи на Американецот да намали на 2-1, а при водство на Фриц од 3-2 во четвртиот сет, Ѓоковиќ побара медицински тајмаут.

Тимскиот лекар му ги намали болките, по што Србинот продолжи да игра речиси по 10 минути пауза, но му дозволи на противникот да израмни, а мечот да се одлучува во петтиот сет.

Иако одвај стоеше на нозе, Ѓоковиќ покажа зошто е најдобар тенисер во светот и со брејкот за водство од 4-2 ја најави победата, која ја оствари користејќи ја третата меч-топка.

Во осминафиналето, актуелниот шампион на австралискиот гренслем ќе се соочи со Милош Раониќ.

- Оглас -

Најнови вести