Затоа е број 1 во светот: Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на гренд слем турнирот Вимблдон. Светскиот рекет број 1 не дозволи никакво изненадување и со 3:1 во сетови (6:2, 4:6, 6:3, 6:2) го победи Роберто Баутиста од Шпанија. Во финалето кое се игра в недела, Ноле ќе игра со подобриот од мега дербито Рафаел Надал – Роџер Федерер.

Фаворизираниот Ѓоковиќ одлично го започна дуелот и во првиот сет поведе со 3:0 во гемови, па до крајот без поголеми проблеми со 6:2, стигна до 1:0 во сетови. Дека Баутиста не случајно е во полуфиналето, покажа со играта во вториот сет. Шпанецот беше сигурен на свој сервис, а успеа да направи и еден брејк, а тоа му беше доволно за да го добие со 6:4 и да израмни на 1:1 во сетови.

Токму овој загубен сет, делуваше освестувачки за Новак. Првиот носител го доби третиот сет со 6:3, а во четвртиот беше уште поубедлив и со 6:2, стигна до 3:1 во сетови за конечна победа и пласман во финалето на Вимблдон. Интересно е што Ѓоковиќ ја искористи дури петата меч топка за да се израдува на триумф.

За Ѓоковиќ ова е шести пат да се пласира во финалето на Вимблдон, а ќе атакува на петата титула.

- Оглас -

Најнови вести