Затоа на Евертон не му оди, Пикфорд „начукан“ прави шоу на пикадо (Видео)

Џордан Пикфорд, голманот на англиската фудбалска репрезентација, беше снимен во публика за време на Светското првенство во пикадо и тоа во улога на навивач кој прави шоу за сите околу него. Пикфорд, кој брани за Евертон, пиеше пиво, па чашата ја ставаше на глава, се качи на столче и бараше поддршка за да продолжи да му скандира „Англиски број 1“.

Ваквото однесување го осудија многумина во Англија, но сепак 25-годишниот Пикфорд е во предновогодишно расположение и веројатно беше среќен што не прими гол од Арсенал, па вечерта се опушти.

- Оглас -

Најнови вести