Завршена работа: Реал Мадрид доби нов напаѓач!

Реал Мадрид заврши уште една многу важна работа. Следната сезона дресот на Кралскиот клуб ќе го носи и Хоселу. Тоа е играчот кој Реал Мадрид го одбра да биде замената за Карим Бензема во нападот.

Иако многумина очекуваа дека на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигне Килијан Мбапе или Хари Кејн, челниците на Реал се решија тоа да биде фудбалерот на Еспањол. Иако Еспањол испадна од Примера дивисион, Хоселу имаше одлична сезона и постигна 16 голови во првенството, па на крајот заврши на третото место на најдобри стрелци и тоа веднаш зад Роберт Левандовски кој даде 23 голови и Бензема кој постигна само три погодоци повеќе од Хоселу.

Овој искусен напаѓач и член на шпанската репрезентација, пред само два дена постигна многу важен гол за Црвената фурија. Со неговиот погодок против Италија, Шпанија стигна до победа од 2:1 и ќе игра во финалето на Лигата на нации против Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести