Интер е првиот финалист во Лига на шампиони, откако вечерва по дури 120 минути игра, со 4:3 ја победи Барселона. По регуларните 90 минути, резултатот беше 3:3, па мораа да се играат продолженија.
Во дополнителните 30 минути, клучниот момент се случи во 99 минута, кога Давиде Фратези погоди за 4:3 за Интер. Токму тој погодок се покажа како решавачки за Нераѕурите да играат во седмото финале за нив на елитното натпреварување на УЕФА.
Во финалето, кое ќе се игра на 31 мај на „Алијанц Арена“ во Минхен, Интер ќе го чека подобриот од Пари Сен Жермен и Арсенал. Францускиот првак има 1:0 по првиот меч кој се играше во Лондон, а сега во реваншот ќе играат во Париз.
Фантастичните голови во „лудилото“ во Милано можете да ги видите ТУКА.