Заврши неверојатна приказна на тинејџерот на СП, испиша историја, го воодушеви светот, но не ја освои титулата (Видео)

Младиот 16-годишен Лук Литлер не успеа на најдобар начин да ја заврши една од најубавите спортски приказни во последните години, иако зад себе ги имаше речиси сите фанови, сепак не успеа да ја освои титулата на Светското првенство во пикадо.

Литлер, кој стана прв тинејџер кој играл во финале, во мечот за титулата загуби од Лук Хамфрис со 7:4 во сетови иако имаше водство од 2:4. Фановите во преполниот „Александар палас“ во Лондон навиваа за тинејџерот, кој на крајот не успеа да го издржи притисокот иако го освои првиот сет.

Хамфрис го возврати ударот и ги освои следните два сета. Носен од публиката, Литлер успеа да го пронајде својот ритам и како од шега ги погодуваше целуите успевајќи да освои три сета по ред и да поведе со 4:2.

Но, Хамфрис, кој важеше да главен фаворит за титулата, возврати со неверојатна серија, ги освои наредните пет сета и славеше со конечни 7:4.

И статистиката беше на страната на Хамфрис, кој дури 23 пати освои 180 поени од три удари, додека на Литлер тоа му успеа 13 пати.

- Оглас -

Најнови вести