Заврши низата што почна во 1997 година – Нема 23-та сезона од најдолгиот тренерски серијал во историјата на американскиот спорт

Сан Антонио спарс ја заврши најдолгата серија од цели 22 сезони контиунуиран настап во плејофот во НБА лигата, а со тоа заврши и рекордната низа на тренерот Грег Попович.

Легендарниот стратег не успеа за првпат од 1997 година да го одведе тимот во доигрувањето за титулата, но останува апсолутен рекордер во историјата на американскиот професионален спорт.

Во четирите најдобри лиги, НБА, НФЛ, НХЛ и МЛБ, досега ниту еден тренер не предводел клуб до таков подвиг и настап цели 22 сезони по ред во плејофот.

Ноќеска Сан Антонио загуби од Јута џез со 112:118, но и да победеше ќе немаше шанса за евентуален плејин, односно за мајсторка меѓу осмиот и деветтиот тим во Западната конференција во НБА-лигата, како последен билет за плејофот.

Еден од највозрасните тренери во НБА-лигата со 71 година ја почна авантурата во Сан Антонио во 1996 година и успеа да остави маркантен печат во најсилната кошаркарска лига.

Со Мамузите освои пет НБА-титули, трипати беше избран за тренер на годината, а четири пати беше тренер на тимот на Западната конференција на Ол-стар викендот.

Сан Антонио со него како стратег изгради имиџ на една од најдобрите франшизи на светот, а вкупно играа шест НБА-финалиња и освоија пет титули, со што се високо на петтото место на вечната листа со најтрофејни екипи.

- Оглас -

Најнови вести