Заврши сагата и околу белгискиот талент – Де Кателар го засилува италијанскиот првак

Милан и Клуб Бриж конечно најдоа компромис околу сумата на трансферот на талентираниот Шарл де Кателар. Младиот 21-годишен офанзивец наскоро ќе се пресели на „Сан Сиро“ за сума од 35 милиони евра, од кои три милиони ќе се исплатат во одредени бонуси.

Во Милано, Де Кателар го очекува повеќегодишен договор, по што ќе си го оствари трансферот од соништата и покрај тоа што беше цел на неколку премиерлигаши.

Белгискиот клуб досега настојуваше на фиксна сума од 35 милиони евра, но управата попушти по последната понуда која не е многу различна, само што ќе почекаат за преостанатите три милиони евра.

Де Кателар може да покрие повеќе офанзивни позиции, но тренерот Пиоли веројатно ќе го користи како главен разработувач на играта на Милан. Де Кателар за матичниот клуб запиша 120 настапи со учинок од 25 гола и 20 асистенции, а отсега ќе се гледа како иден лидер на актуелниот италијански шампион.

- Оглас -

Најнови вести