Заврши сезоната во ски-скокови: Зајц победи на Планица (Видео)

Репрезентативецот на Словенија, Тими Зајц, е победник на последниот натпревар од Светскиот куп во ски-скокови. Тој со скоковите од 232.5 и 234 метри освои само 0.1 поен повеќе од репрезентативниот колега Ланишек, кој имаше скокови од 239.5 и 242, но со поголема помош од ветерот. Подиумот го комплетираше австриецот Штефан Крафт.

Токму Крафт го освои малиот кристален глобус во ски-летови со 480 поени, пред Гранерунд со 450 поени. Ланишек заврши трет со 314 поени.

Големиот кристален глобус го освои норвежанецот Гранерунд со 2128 поени, пред Крафт со 1790 бодови и Ланишек со 1679 поени.

- Оглас -

Најнови вести