Заврши сезоната за Лонзо Бол

Лошата сезона за Лејкерси штотуку стана уште полоша. „Езерџиите“ до крајот на регуларниот дел ќе мора да се справуваат без услугите на Лонзо Бол. Плејмејкерот не може да закрепне од повредата на глуждот која ја заработи на 19-ти јануари во дуелот против Хјустон, а најавите на тренерот Лук Волтон се дека ќе бидат потребни уште неколку месеци за Бол да се врати на паркетот.

„Не ми изгледа дека во скоро време може да игра. Секако, ќе сториме се за Бол целосно да оздрави, но тој процес многу веројатно ќе трае неколку месеци“, истакна Волтон.

Во следните неколку дена ќе се направат нови прегледи, а по прегледот од магнетната резонанса покажаа дека се работи за повреда од трет степен на скочниот глужд.

Лејкерси моментално се 11-ти во Западната конференција со учинок од 30-35, а ноќеска на домашен терен го пречекуваат вечниот ривал Бостон селтикс.

- Оглас -

Најнови вести