Заврши тригодишното чекање за Астон Вила

Астон Вила го победи Евертон со 2-0 и дојде до првиот триумф по камбекот во Премиерлигата. Стрелец на првиот погодок беше Весли, кој одлично погоди по убавата асистенција на Шпанецот Хота, а точка стави Ел Гази во 95-ата минута.

Ова беше 203-ти меѓусебен лигашки дуел на овие два клуба, што е рекорд во Англија. Весли е втор Бразилец кој постигнал гол за Астон Вила во Премиерлигата, по Даглас Луиз, откако до пред едно коло, немаше бразилски стрелец во клупската историја. И за Анвар Ел Гази кој влезе во игра во 77-ма минута, ова е дебитантски гол во Премиерлигата.

Евертон во последните четири години никогаш не победил на првенствен натпревар на кој губел по првото полувреме, и таа непријатна традиција продолжува.

- Оглас -

Најнови вести