Завршни подготовки за рестартот на најинтересната Бундеслига во последните години

Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах и Лајпциг во разни периоди од сезонава во германскиот шампионат беа на првото место на табелата и оваа сезона ја направија најнеизвесна и најинтересна во последните пет години. Од сезоната 2014/15 наваму се немаше случено четири различни тимови да бидат првопласирани во Бундеслигата.

Шампионатот во Германија продолжува утре, а по 25 кола, води Баерн со 55 бода, шест повеќе од Борусија Менхенгладбах. Помеѓу нив се Милионерите од Дортмунд и Црвените бикови од Лајпциг. Баварците беа во најдобра форма пред прекинот и треба да се види како паузата влијаела врз нив. Баерн игра в недела и нема да биде загрозен на чело бидејќи бега четири бода пред Борусија Дортмунд, но факт е дека секој кикс на актуелниот првак ќе значи и вжештување на трката бидејќи три тима чекаат шанса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести