Завршува петгодишното владеење на шпанските тимови

Новиот шампион во фудбалската Лига на шампиони ќе биде од Англија или од Холандија и со тоа завршува доминацијата на екипите од шпанското првенство, кои од 2014 година наваму редовно го креваа „ушлестиот“ пехар, кој е најпосакуваниот во светот на клупскиот фудбал.

Последен пат кога европски првак беше тим надвор од Шпанија беше во 2013 година, кога титулата ја освои Баерн Минхен (во финалето ја победи Борусија Дортмунд, која ја водеше сегашниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп). Наредната 2014 Реал Мадрид дојде до својата 10-та континентална титула, а во 2015 на пехарот му се радуваше Барселона. Потоа Реал направи нешто што не е видено во ЛШ, стана првиот што ја одбранил титулата, а направи дури и хет-трик од 2016 до 2018 година. Откако испадна Барса, јасно е дека новиот европски првак ќе бидат Ливерпул или Тотенхем од Англија или, пак, холандскиот Ајакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести