Ерата на Пеп Гвардиола како тренер на Манчестер сити заврши со пораз на домашен терен од Астон вила со 1-2. Каталонецот се збогуваше со навивачите на „граѓаните“, а Астон вила одигра за себе и не дозволи Премиер лигата да добие и шестти претставник во Лигата на шампионите.
Сепак, улога во ваквата разврска имаше и ремито на Ливерпул пред својата публика против Брентфорд.
Лошата сезона за Тотенхем заврши со среќен крај, откако Спарси со победа над Евертон на домашен терен сами си ја завршија работата и финишираа над „цртата“. Вест хем следната сезона ќе игра во Чемпионшип дивизијата, иако во последното коло забележа пирова победа од 3-0 над Лидс.
Шампионот Арсенал со стил ја заврши сезоната и победа со 1-2 кај Кристал палас, па на крајот заврши со седум бода предност во однос на Манчестер сити.
Борнмут и Сандерленд имаат обезбедено место во Лигата на Европа, додека Брајтон ќе игра во Конференциската лига. Англија може да добие и деветти претставник во фудбалска Европа, но само ако Кристал палас го добие финалето против Рајо Ваљекако во Конференциската лига.
Резултати:
Брајтон – Манчестер јунајтед 0-3
Барнли – Вулверхемптон 1-1
Кристал палас – Арсенал 1-2
Фулам – Њукасл 2-0
Ливерпул – Брентфорд 1-1
Манчестер сити – Астон вила 1-2
Нотингем форест – Борнмут 1-1
Сандерленд – Челзи 2-1
Тотенхем – Евертон 1-0
Вест хем – Лидс 3-0

