Збогум за „а-ла Квадрадо“ фризурата, Кристијано ќе го нападне Лион со нов имиџ (Фото)

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, од кого се очекува утревечер да му донесе пласман на Јуве во четвртфиналето на Лигата на шампионите, за важниот дуел со Лион на кој Старата дама треба да брка победа од два гола разлика, се релаксира дома со децата, а покажа и дека има нова фризура.

Роналдо си ја скрати косата со која личеше на соиграчот Хуан Квадрадо и сега изгледа како пред две години, кога со Реал Мадрид ја освои својата петта и засега последна европска титула. Очигледно фризурата му е нова, бидејќи титулата на Јуве ја славеше со „а-ла Квадрадо“, а и после тоа се појавуваше во такво издание.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести