Збунети Канаринци – Го ранеа со асистенции капитенот на Арсенал (Видео)

Арсенал го декласира Норвич со 4:0 во меч од 32-рото коло во Премиер лигата, а на високиот пораз на „Емирејтс“ во Лондон сами си кумуваа гостинските играчи.

Направија две кардинални грешки и буквално му подарија два гола на капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.

Во 33-тата минута голема глупост направи Тим Крул, се обиде да го дрибла шпицот на Арсенал, кој му ја одзеде топката и лесно погоди за 1:0.

https://twitter.com/_FootballTV/status/1278381763228839937?s=20

Потоа Габонецот беше асистент за вториот гол на мечот што го постигна Џака, а серијата грешки на гостите продолжи во 67-мата минута, кога Меклин по грешка го проигра Обамејанг за втор гол на мечот за капитенот на домаќините.

https://twitter.com/_FootballTV/status/1278397015097999360?s=20

Убедливата победа на фаворитот ја круниса Соареш со прекрасен гол во 81-вата минута.

Одличен настап денеска имаше и Алан Сен Максимен за Њукасл, а го зачини со три асистенции во победата на Чавките против Борнмут со 4:1. Гостите доминираа и славеа сигурна победа со головите на Гејл, Лонгстаф, Алмирон и Лазаро, а првите три гола со одлични додавања ги филуваше Сен Максимен.

Во мини-дербито на 32-рото коло, Евертон со головите на Ришарлисон и на Сигурдсон го победи Лестер со 2:1. Стрелец за гостите беше Ихеначо.

- Оглас -

Најнови вести