Здравствени проблеми: Младеновски позитивен на ковид-19, неизвесни се Трајковски и Вајли

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе биде сериозно ослабена за денешниот дуел против селекцијата на Италија кој е закажан за 15. часот во Арената „Саку Сурхал“ во Талин.

Имено, резултатите од последното тестирање во нашиот национален тим покажале дека Љубомир Младеновски има позитивен наод, а за Бојан Трајковски и Џејкоб Вајли следуваат дополнителни здравствени проверки.

И покрај сите превземени мерки од страна на федерацијата, спроведени пред почетокот на подготовките во Скопје, но и за време на престојот во главниот град на Естонија, PCR тестирањето покажа присуство на вирусот кај еден наш кошаркар, а лекарскиот тим предводен до Др Слободан Николиќ ги очекува дополнителните здравствени наоди од дополнителните испитувања за другите двајца наши репрезентативци, чиј настап сега е доведен под знак прашалник.

- Оглас -

Најнови вести