Зе Роберто: Роналдо пиеше цела вечер, а следниот ден тренираше како ѕвер

Некогашниот бразилски фудбалер, Зе Роберто, во едно интервју се потсети на забавите со поранешниот соиграч Роналдо. Зе Роберто вели дека феноменот Роналдо бил вистински ѕвер, и не му пречеле непроспиените ноќи.

„Најдобар играч во репрезентацијата на Бразил беше Роналдо. Тој беше по забавите, а после ноќ без да спие, утредента доаѓаше на тренинг и тренираше најнапорно. Тоа беше неверојатно. Пиеше алкохол, а следниот ден тренираше како ѕвер. И Вампета беше по забавите, а и јас знаев да одам на забава пред натпревар. Роналдињо дома имаше диско, но јас не сакав да одам таму“ – се присетува Зе Роберто кој играше за Палмеирас, Реал Мадрид, Баерн, Баер Леверкузен и други клубови.

- Оглас -

Најнови вести