Светското ракометно првенство во Египет остана без селекцијата на Зеленортските острови. Во тимот имаат заразени играчи од Ковид-19, и после службениот пораз против Германија кога не им беше дозволено да настапат бидејќи немаа десет играчи, решија да се повлечат.
Ова е добра вест за Уругвај, кој без победа на терен, ќе игра во втората фаза.