Земјата на сонцето игра против Германија, време е за малку светлина

Студено и облачно време со повремени врнежи од дожд е единственото нешто со кое се среќаваат сите милиони луѓе кои деновиве се во германската престолнина Берлин.

Откако македонските ракометари, новинари и навивачи се во Берлин, не сме виделе сонце макар и она што го нарекуваме „со заби“. Тмурното време никако да престане, а и денеска иако имаше повремени срамежливи обиди за појавување на сонцети, сепак сликата е иста, дожд и студ.

Македонската армија навивачи ќе треба со знамиња со сонцето кое е симбол на нашата земја, да ги бодри ракометарите на средбата со Германија, и колку толку ќе може дополнително да се види барем некакво сонце за попозитивно расположение.

- Оглас -

Најнови вести