Згаснатата ѕвезда на Реал не се грижи апсолутно за ништо: 80 секунди си ја местеше фризурата (видео)

Реал Мадрид вчера рутински славеше против Хетафе со 2-0 и покрај големите проблеми со кои се соочува тренерот Зидан околу бројните повреди. Речиси целата клупа за резерви на Кралевите се состоеше од младинци, а Иско беше еден од поискусните резервисти покрај напаѓачот Маријано.

Токму некогашното Златно момче по подолго време доби шанса за настап, па ги одигра последните петнаесетина минути од мечот, но најзабележливиот негов момент на средбата беше при загревањето.

На Иско му беа потребни цели 80 секунди да си ја намести фризурата, безгрижно си обрна внимание на изгледот и покрај тоа што кондицискиот тренер во неколку наврати му потенцираше да побрза.

https://streamable.com/zvlnf0

- Оглас -

Најнови вести