Згрми Lucky 888 bonusot во Скопје, Струга и Прилеп

Од уплатното место Скопје Север доаѓа топ-тикетот за денес со кој е искористен Lucky 888 bonus акцијата на Sport Life. Со само 100 денари, обложувачот погоди 14 парови од кои 11 имаа поголема квота од 1.30 и фати услов за 11% бонус, односно повеќе од 200 евра на вкупната добивка од 136.190 денари.

Добитниот тикет тргна со погодениот дуел од македонската Прва лига кој Шкупи го доби со 2-0 против Вардар, а домаќините го исполнија условот да има барем по еден гол во двете полувремиња. Без водство по првите 45 минути одиграа Монако – Лил и Копенхаген – Митјиланд, за точно прогнозирање на највисоките квоти од 2.30 и 2.07 на тикетот.

На дуелот Калјари – Јувентус потребен беше еден гол во вториот дел, а по хет-трик шоуто на Кристијано Роналдо, домаќините стигнаа до почесен погодок.

БОНУС ОД 1.000 ЕВРА И ТОА КАКО Е ДОБРЕДОЈДЕН КОГА ВЛОГОТ Е ГОЛЕМ

Обложувачот од Струга кој си ги наполни џебовите со огромна добивка од 595.742 денари, е посреќен што со 15-те погодени парови фати услов од 18% за бонус и доби дополнителни 63.829 денари вклучени во вкупната добивка.

Само на два од вкупно 15 парови немаше минимална квота од 1.30, но и овој бонус и тоа како е доволен за славје во Струга ако се знае дека влогот на тикетот е 3.000 денари.

Без многу комбинации, обложувачот се потпре на стандардната тактитка „кец-двојка“, а погоди и шест дуели на кои паднаа три или повеќе погодоци, а таму не разочараа АЗ Алкмар, Базел, Салцбург.

ПРИЛЕПЧАНЕЦ СЕ ПОКАЖА КАКО МАЈСТОР ЗА ПОНИСКИТЕ ЛИГИ ВО АНГЛИЈА

Сосема солиден бонус од 30.200 денари го збогати мајсторскиот тикет на обложувач од Прилеп, кој со само 100 денари си заработи големи 332.207 денари со 10 погодени парови.

Така го фати и условот 10% бонус од Sport Life, a воедно покажа дека го владее фудбалот кој се игра во пониските лиги во Англија.

Преовладуваат „двојките“ на Свонси, Ватфорд, Барнсли, Кембриџ и Челтенхам, Марсеј и Тулуз го одбранија домашниот терен како сигурни „кецови“ искористени од француските првенства, додека Сасуоло и Верона ја завршија работата уште по 45 минути при 1-1.

- Оглас -

Најнови вести