Жалбата на Рубљов прифатена, организаторот му ги врати парите, но и бодовите

Рускиот тенисер, Андреј Рубљов, беше дисквалификуван на АТП турнирот во Дубаи, откако вербално нападна еден од линиските судии. Тоа беше доволно за супервизорот на турнирот да го дисквалификува, но и да му ги одземе дотогаш заработените пари и бодови.

Рубљов одлучи да се жали, а жалбата беше прифатена и преиначена. Така сега бодовите кои ги освои до дисквалификацијата, му се вратени, а вратени му се и парите. Сепак, Русинот ќе мора да плати само парична казна од 36.400 долари поради непримерно однесување.

Со овие бодови Рубљов го задржува петтото место на АТП ранг-листата и зад себе го остави Зверев на шестото место.

- Оглас -

Најнови вести