Жалгирис не даде кош цели 7 минути и пак ја победи Црвена ѕвезда (Видео)

Жалгирис повторно ја победи Црвена ѕвезда во меч од Евролигата, а вечерва Литванците, и покрај сите маки, успеаја да слават со 75:69.

Во последната четвртина Литванците не можеа да дадат кош цели 7 минути, но некако се извлекоа и во финиш со слободни фрлања што прецизно ги погодуваа, победија.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1316075653926707200?s=20

Ниту кошаркарите на домашнуиот тим не беа подобри, и тие промашуваа цели пет минути во последниот период и воопшто не стигнаа до двоцифрен број поени.

Џордан Лојд повторно беше најефикасен кај Црвена ѕвезда и на мечот со 19 поени, но засилувањето од Валенсија овојпат не се радуваше на победа како во претходното коло, кога со 30 поени беше лидер на победата на белграѓани против Басконија.

Кај Жалгирис, плејмејкерот Лекавичиус имаше најмногу поени, вкупно 16, четири повеќе од Жофри Ловерњ, поранешен кошаркар на Партизан сега на тимот од Литванија.

 

- Оглас -

Најнови вести