Жалгирис сигурен против Макаби

Жалгирис Каунас со конечни 80:73 беше подобар од Макаби Тел Авив во мечот од 14. коло во Евролигата. Избраниците на Јасикевичиус во текот на целиот меч ја контролираа топката, како и резулатот, па така ја забележаа вкупно седмата победа сезонава.

Пресудна беше втората четвртина, која домаќините ја добија со 23:17, па до самиот финиш на средбата ја сочуваа предноста, која своевремено беше и +14.

Милакнис го предводеше Жалгирис со 16 поени, по 13 поени додадоа Дејвис и Улановас, додека кај поразените се истакна Вилбекин со 20 поени, О‘брајант постидна два помалку.

- Оглас -

Најнови вести