Жалгирис задоцни со финишот, Гран Канарија ја прекина серијата порази

Гран Канарија одигра одлично прво полувреме против Жалгирис, сосема доволно за победа од 73:66 во последниот меч за 2018 година во Евролигата.

Домаќините направија предност од 10 поени на полувремето, водеа со 36:26 и успеаја да го издржат притисокот на гостите од Литванија во продолжението на мечот.

Ксавиер Рабаседа со 15 поени ја предводеше шпанската армада со 15 поени и 8 скокови. Андреј Балвин постигна 12 поени во меч со малку кошеви.

Кај Жалгирис Артурас Милакнис беше најефикасен со 13 поени, а по 11 постигнаа Дејвис и Волтон. Гран Канарија ги задржа шансите за пробив во топ-8 со шестата победа сезонава во Евролигата, а Жалгирис сега има скор од 7-8.

- Оглас -

Најнови вести