Ждрепка за КЛ: Адеми и Ристовски немаа среќа, одат на мегдан со Бетис

Двајцата македонски репрезентативци со Динамо Загреб ќе имаат тежок предизвик во бараж-фазата од Конференциската лига. Ждрепката во Нион одлучи Динамо Загреб да игра против членот на шпанската Ла Лига, Бетис.

Ова може да претставува тежок удар за амбициите на Динамо Загреб оваа сезона, со оглед на тоа дека го добија веројатно најтешкиот можен противник.

Двојки:

Штурм Грац – Слован Братислава
Сервет – Лудогорец
Унион – Ајнтрахт Франкфурт
Бетис – Динамо Загреб
Олимпијакос – Ференцварош
Ајакс – Бодо Глимт
Молде – Легија Варшава
Макаби Хаифа – Гент

Во осминафиналето директно се пласирани: Лил, Макаби Тел Авив, Плзен, Бриж, Астон вила, Фиорентина, ПАОК и Фенербахче.

- Оглас -

Најнови вести