Ждрепка за Купот на кралот: Столе против Жирона, Барселона против сензацијата Унионистас

Откако се одигра и последниот натпревар од 1/16-финалето од шпанскиот Куп на кралот, беше извршена и ждрепката за следната фаза. Единствениот Македонец кој настапува во Шпанија, репрезентативниот голман Столе Димитриевски и неговиот клуб Рајо Ваљекано, за противник ја добија Жирона и тоа на гостински терен.

Дерби на осминафиналето ќе биде мадридското дерби помеѓу Атлетико и Реал, а најголемо задоволство има во редовите на Барселона, бидејќи ја противник го добија третолигашот Унионистас од Саламанка.

Натпреварите се играат на 17-ти јануари.

Двојки:

Унионистас – Барселона
Тенерифе – Мајорка
Хетафе – Севиља
Осасуна – Реал Сосиедад
Валенсија – Селта Виго
Атлетик Билбао – Алавес
Атлетико Мадрид – Реал Мадрид
Жирона – Рајо Ваљекано

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести