Ждрепка за ЛЕ: Италијанско дерби во четвртфиналето, задоволство во Ливерпул

Натпреварот помеѓу Милан и Рома привлекува најголемо внимание во четвртфиналето од Лигата на Европа. „Црвено-црните“ никогаш немаат дојдено до трофејот од ова натпреварување, а патот до финалето ги води против ривалот од Серија А.

Во Ливерпул може да бидат задоволни, бидејќи ќе играат против Аталанта, додека лидерот од Бундеслигата, Баер Леверкузен за противник го има освојувачот на Конференциската лига од минатата сезона, Вест хем.

Двојки – 1/4 финале:

Милан – Рома
Ливерпул – Аталанта
Баер Леверкузен – Вест хем
Бенфика – Марсеј

Првите натпревари од четвртфиналето се играат на 11-ти април, додека реваншите се на 18-ти април.

Двојки – 1/2 финале:

Бенфика или Марсеј – Ливерпул или Аталанта
Милан или Рома – Баер или Вест хем

Натпреварите од полуфиналето ќе се одиграат на втори и деветти мај.

Големото финале на Лигата на Европа ќе се одигра на стадионот Авива во Даблин на 22-ри мај, а формално домаќин ќе биде победникот од првата полуфинална двојка.

- Оглас -

Најнови вести