Ждрепка за ЛК: Можно е грчко финале во Атина, главниот фаворит патува во Франција

Интересни двојки беа извлечени и во четвртфиналето од Конференциската лига. Најголемо внимание привлекува грчко-турскиот дуел помеѓу Олимпијакос и Фенербахче, додека главниот фаворит за освојување на трофејот, Астон вила, за противник го добие францускиот Лил.

Финалето ќе се одржи на стадионот на АЕК во Атина, а според формираниот костур, можно е и грчко финале помеѓу ПАОК и Олимпијакос.

Двојки – 1/4 финале:

Бриж – ПАОК
Олимпијакос – Фенербахче
Астон вила – Лил
Викторија Плзен – Фиорентина

Натпреварите од четвртфиналната фаза ќе се одиграат на 11 и 18 април.

Двојки – 1/2 финале:

Астон вила или Лил – Олимпијакос или Фенербахче
Плзен или Фиорентина – Брж или ПАОК

Полуфиналето на програмата е на втори и деветти мај.

Финалето на Конференциската лига ќе се одигра на 29 мај во Атина.

- Оглас -

Најнови вести