Ждрепката се намести за зимско Ел Класико, фали уште дозвола од Баскија

Барселона и Реал Мадрид ќе имаат можност да играат зимско Ел Класико во јануари, но само ако ги победат двете баскиски екипи, Реал Сосиедад и Атлетик Билбао на 13, односно 14 јануари, во мечеви од шпанскиот Суперкуп.

Денешната ждрепка се намести за нов спектакл на вечните шпански ривали, кои би играле финале во Севилја на 17 јануари, но само ако бидат успешни во полуфиналето.

Барселона и Реал Сосиедад ќе играат во Кордоба на 13 јануари, во првото полуфинале по новиот формат во Суперкупот на Шпанија, а ден подоцна, на 14 јануари во Малага, Реал Мадрид ќе му биде противник на Атлетик Билбао.

Финалниот турнир се игра по новиот формат со четири екипи што беше воведен лани, кога во финалето во Џеда, Реал Мадрид го победи Атлетико Мадрид во меч за титулата по подобро изведување на пенали.

На премиерното издание со четири екипи на Суперкупот на Шпанија лани играа и Барселона и Валенсија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести