Ждрепката за ЛШ не ги размести многу квотите за европски првак, Сити прв фаворит, Копенхаген отпишан (Фото)

Нема големи промени во квотите на обложувалницата Sport Life за освојувач на фудбалската Лига на шампиони, после денешната ждрепка во Нион.

Главен фаворит е Манчестер сити кој во осминафиналето ќе игра со Копенхаген, а данскиот тим и пред ждрепката беше со најголема квота, сега е уште поголем аутсајдер и кандидат за испаѓање.

После Сити, квотите ги фаворизираат Баерн Минхен, Реал Мадрид, Арсенал, ПСЖ, Барселона и Интер.

Бранителот на трофејот, Сити, е прв на листата, а едноцифрени квоти за европски првак има само уште кај Баерн, кај Реал и Арсенал. Мали шанси им се даваат и на Лацио и Порто.

- Оглас -

Најнови вести